Енергетски задруги – одржлив развој на производството на енергија

Поимот задруга или кооператива, во минатото кај нас често се врзувал за субјект кој има цел окрупнување на дејностите (земјоделие, градежништво), понекогаш и во не толку позитивна конотација. Последниве десетина години тој имиџ на кооперативи полека се менува со земјоделските задруги развиени на правилна основа кои се многу блиску до задругите во светот.

Иако секаде развојот на задругите е различен, во некои земји постојат субјекти кои се стари и по стотини години, но и задруги кои се формирани пред десетина години но имааат одличен развој. Главни одлики на задругите се социјалниот момент – грижата повеќе е свртена кон луѓето наместо кон профитот и начинот на одлучување – еден човек еден глас (дури и при различни удели во задругата). Оттука основањето и работењето со задруга бара многу повеќе отколку финансии – здрави човечки. Денеска задруги има речиси во секој сектор, индустрија па дури и во банкарски сектор и едукација.

Денеска постои тренд на основање на задруги за соларна енергија – брзо растечки и иновативен начин локалните заедници да добијат пристап до обновливите извори на енергија. Во текот на последните неколку години, низ целиот свет се основани повеќе илјадници енергетски кооперативи кои имат за цел преку здружување луѓето да обезбедат пристап до обновлива енергија, да ги инвестираат своите заштеди во нивната иднина добивајќи сигурен прилив и поврат на инвестицијата.

Предноста на задругата е голема – добивате субјект преку кој ќе ја понудите произведената електрична енергија, доколку набавувате опрема, истата може да ја добиете по помала цена (доколку се нарачува во поголеми количини) и на крај имате луѓе кои ќе се борат за вашите интереси, бидејќи тие се и нивни интереси.

Иако легеслативата во Р.Македонија сеуште во пракса не е сјајна, сепак можноста за основање на енергетска задруга постои. Затоа доколку мислите дека овој начин на здружување може да ви помогне во остварувањена вашите идеи, контактирајте не преку нашата форма, можеби ќе успееме да ја организираме првата енергетска кооператива во Македонија.

Photography courtesy of : http://cleanenergyeconomyfortheregion.blogspot.com/2011/06/new-community-owned-solar-garden-in.html

Постот е оргинално објавен на порталот Енергетска Ефикасност

Енергија од соларни панели монтирани хоризонтално или вертикално

Многупати се спомнува за соларните панели и нивната поставеност (агол и ориентација со цел да се добие максимален ефект при производството на електрична енергија. Често пати инсталацијата на соларни панели на оптимална агола не е можна или е непрактична. Ова најчесто се однесува на покривите кои неретко не одговараат на ориентацијата Југ-Север, а наклонот на покривот е далеку од идеален. Доаѓаме и до екстремни ситуации кога единствено е можна хоризонтална или вертикална изведба и во тој момент се прашуваме колку помалку енергија ќе добиете од панели кога тие се инсталирани на тој начин!
Многу од луѓето кои го пробале овој начин на поставување велат дека “овие инсталации функционираат многу добро”. Сепак, ова не не убеди доволно и решивме да прочепкаме низ интернет и да провериме дали има некој релевантен податок за хоризонтални или вертикални инсталации. Continue reading Енергија од соларни панели монтирани хоризонтално или вертикално

Финансирање на домот

Поттикнат од едно барање на еден пријател кој има намера да земе кредит за купување на стан за живеење решив да образложам малку повеќе околу основите на финансирање на дом (стан или куќа) базирано на истражувањата, локалните услови во Македонија, но и локалните искуство. Прашање е дали и како да се исфинансира купување на дом.
Читајќи го Robert Kiyosaki за неговите предлози во време пред големата криза за купување на станови/апартмани за издавање, тогашно мислење ми беше дека тоа е добар бизнис. Секако ова е точно само во услови на ликвиден пазар (можност доброто да го продадеш во секој момент), што по кризата на финансискиот сектор во Америка базиран на пренадуените хипотекарни задолжувања веќе не е случај. Continue reading Финансирање на домот

Добредојдовте на мојот блог

Веќе подолго време размислував да ги спојам во едно сите работи кои ги имам размислувано, но никогаш досега не најдов платформа каде ќе ги обединам. Едно време користев blogspot меѓутоа премногу се фокусирав на натписи на англиски и не успеав да се доискажам. Затоа решив да се вратам на стартната позиција и да си направам сопствена платформа каде ќе ги искажувам моите јавни ставови, за кои денеска сметам дека треба се повеќе и повеќе јавно да ги споделувам.
Сакам да ве подготвам сите мои идни читатели дека она што го пишувам ќе биде ублажена варијанта на она што го размислувам, и секако ќе внимавам тие ставови да не тангираат нечии права. Ќе пишувам за она што го работам во поленто на дигиталните медиуми, но и за одржливиот развој. Ќе пишувам за политика (ретко за партии, можеби нема) и моите ставови за антимилитаризмот.
Ќе пишувам за храна – одгледување и подготвување и енергетска ефиказност и обновливи извори на енергија. Ќе пишувам речиси за се, најчесто во недела.

spacer.gifspacer.gif

t?sender=mishevski%40gmail.com&type=zerocontent&guid=5379102e-fd41-498b-b7e8-05b598692fa9