ТЕ Мариово – исплатлив проект и зошто не?

ЕЛЕМ како државна компанија е столбот на енергетскиот производствен сектор и како таков има директно влијание врз развојот на истиот. ЕЛЕМ произведува 96% од вкупното домашно производство. Од термоелектраните со инсталиран капацитет од 825 МW произведува 5.000 GW/h електрична енергија годишно, додека од хидроелектраните со инсталиран капацитет од 538 MW, произведува 1.200 GW/h годишно електрична енергија. Само рударско-енергетските комбинати Битола и Осломеј даваат околу 80 отсто,  додека хидроелектраните на АД ЕЛЕМ произведуваат околу 16 отсто од вкупната електрична енергија од домашните капацитети.

Бидејќи ЕЛЕМ мора да го следи трендот на побарувањето од електрична енергија, мора да обезбеди нови  капацитети за производство на енергија. Дел од активностите кои ги работи се одвиваат во добра насока инвестирајќи во ветерна енергија како одлична опција на обновливи извори на енергија. Continue reading ТЕ Мариово – исплатлив проект и зошто не?

Дали азбестот од РЕК Битола ја убива Битола?

Никогаш не можете да ги поврзете точките гледајќи нанапред, туку наназад. Јас и моето семејство живееме во Битола, под Пелистер. Секако важи за одлично место за живеење, но со последните информации имам голем сомнеж дека живееме во здрава животна средина.

Градот под Пелистер се соочува со ужасна статистика: неделно откриваат по 2 случаја на болни од рак на бели дробови. (изјава дадена од д-р Рената Раденков на панел дискусија со наслов Влијанието на загадувањето во Битола – 18.12.2013 Славјанскиот институт пренесена од Утрински) Continue reading Дали азбестот од РЕК Битола ја убива Битола?

Одржлив развој – мит, релност или неопходност?

Модерно е денеска секој да е во одржлив развој и секој да се залага за него. Генерално се добива слика дека одржливиот развој е како тинеџерски секс – сите зборуваат за него, а никој нема појма како изгледа. Но што всушност е одржлив развој?

Одржлив развој е принцип на организирање на човечкиот живот на нашата планета. Тоа претпоставува модел за човеково општество во кои условите за живеење и употребата на ресурси ги задоволуваат човековите потреби без поткопување на одржливост на природните системи и животната средина, така што идните генерации исто така може да ги исполнат нивните потреби. Continue reading Одржлив развој – мит, релност или неопходност?