Рек Битола

Дали азбестот од РЕК Битола ја убива Битола?

Никогаш не можете да ги поврзете точките гледајќи нанапред, туку наназад. Јас и моето семејство живееме во Битола, под Пелистер. Секако важи за одлично место за живеење, но со последните информации имам голем сомнеж дека живееме во здрава животна средина.

Градот под Пелистер се соочува со ужасна статистика: неделно откриваат по 2 случаја на болни од рак на бели дробови. (изјава дадена од д-р Рената Раденков на панел дискусија со наслов Влијанието на загадувањето во Битола – 18.12.2013 Славјанскиот институт пренесена од Утрински)

Како прво горнава статистика е ужасна. Тоа значи дека на 100 луѓе од Битола годишно им се открива рак на бели дробови. Тоа значи дека во период од просечен век на еден човек ќе заболат над 7.000 луѓе што е речиси една десетина од бројот на жители во Битола. Тоа значи дека во вашиот животен век, може со сигурност да се каже дека ќе познавате лице кое заболува од рак на белите дробови.

Не сакам да ве уплашам, туку да ја ставам тезата на маса: Дали азбестот од РЕК Битола ја убива Битола? 

И на трибината со наслов „Влијанието на загадувањето во Битола“, која неодамна се одржа на Славјанскиот универзитет во Битола, м-р Христина Томовска рече дека суспендираните честички се јавуваат како резултат на издувните гасови што доаѓаат од автомобилите, но и поради согорувањата од дрвата. Всушност, според неа, најопасните честички за човековото здравје се производ на секојдневните потреби на човекот.  (трибина Влијанието на загадувањето во Битола пренесена од Утрински)

<дополнување: на трибината со наслов Влијанието на загадувањето во Битола одржана на 18.12.2013 во Славјанскиот институт организирана од Младински Форум Битола според организаторот на неколку наврати во изјавите се спомна РЕК како потенцијален загадувач на воздухот>

Прво Битола не е единствениот град во Македонија во кој најголем дел од луѓето користат дрва за греење  и далеку од тоа дека е единствениот град кој има автомобили. Но зошто во самите изјави никој не го спомнува РЕК Битола. Точно е дека вработува илјадници луѓе, но здравјето на сите не треба да се става пред интересот ниту на државата ниту на поединците (како случајот Топилница Велес). Ако веќе постои проблем, да го видиме, да го дискутираме и да го решиме. Мразам општество во кое проблемите се стават под тепих и затоа мислам дека треба јавно да се проговори за проблемот.

BitolaPanorama

Првиот одбрамбен механизам на надлежните (читај РЕК, министерства, локална самоуправа) би било – па не е само РЕК Битола термоелектрана во регионот, постојат и многу други термоелектрани во регионот и светот со сличен капацитет и механизам како РЕК Битола. Се согласувам и со ова, можеби не е самото согорување причина, бидејќи последниве години се правеше модернизација на термоблоковите, со што се продолжи векот на РЕК Битола, но и се подобри еколошката карактеристика на оваа термоцентрала.

Каде лежи зајакот? Секогаш во грмушката која е блиску до нас. Иако се направи ревитализација на агрегатите, она кое изгледа како безопасен дел на РЕК Битола се трите ладилни кули кои ја кондензираат пареата и ја разладуваат. Вистината е дека овие кули во себе содржат над 3.000 тони или над 10.000 метри кубни АЗБЕСТ или азбестно саќе кое ја зафаќа пареата и ја кондензира. Сепак бидејќи самата пареа поминува низ саќето, голема е веројатноста со себе да понесе микро честички од канцерогениот азбест кој потоа постои во воздухот кој може да се вдише од страна на луѓето. Не можам со сигурност да тврдам дека ова е причината за зголемената појава на рак во Битола, но мислам дека веројатноста за ова е голема.

Бидејќи секаде во светот азбестот се исфрла и се депонира во специјални депонии, мислам дека овој голем проблем треба под итно да се реши кај нас. Отстранувањето и заменувањето со друг материјал на азбестното саќе веќе одамна е направено на повеќе локации во регионот, што значи дека тоа треба под итно да се направи во Битола. Во 2011 година со двајца еминентни професори и неколку вработени од РЕК Битола во рамки на Програмата за Чиста Индустрија на Норск Енерџи изработивме предфизибилити студија Modernisation of Cooling Towers in TPP Bitola која покажа дека од еконмски аспект, промената на полнежот на ладилните кули, освен еколошкиот, социјалниот има и голем економски ефект.

REK Bitola is the largest coal fired power plant in Macedonia. The owner of the plant is the state utility company ELEM . Installed capacity is 675 MW. Average annual electricity production is 4,34 TWh. The power plant has three blocks of 225 MW, each with boiler, turbine and cooling tower. This report analyse replacement of the present asbestos cement fill in the cooling towers by modern PVC or PP fill. The report concludes that this replacement will lower the cooling water temperature, and thereby improve the overall efficiency of the power plant from 30,93 % to 31,12 %. The investment is estimated to 10 mill EUR. The reduction of CO2 emissions will be about 25000 tons per year.

Имено со самата инвестиција, се подобрува енергетската ефикасност на ладилните кули, која значи поголемо производство на електрична енергија и дополнителна заработка од околу 1 милион Евра. Истот проект можеше да се квалификува и како проект на Механизмот за Чист Развој во рамките на Кјото протоколот (или пак во механизмот кој ќе го наследи) и да добие дополнителни средства од јаглеродните кредити.

Трошоците за транспортот и депонирањето на азбестот  се проценети на 3 милиони евра, но треба да се направи дополнителна проценка, при што можно е тие трошоци да се помали.  Владата МОРА да го финансира складиштењето на азбестот и од тука делот на таа инвестиција е на терет на Буџетот на Македонија. Од тука исплатливоста на набавката на нови полнежи на кулите за ладење е на ниво на исплатлив бизнис проект, многу поисплатлив од некои тековни проекти во секторот.

Постои индиција дека овој проект имал поддршка  за реализација., со оглед на тоа дека се објавени тендери за ревитализација на ладилните кули, но сеуште нема реализација на истиот.  Без разлика дали одговорот на прашањето: Дали азбестот од РЕК Битола ја убива Битола?  е позитивно или негативно, потребни се следниве чекори со цел да се направи заштита на здравјето на луѓето.

  1. Веднаш да се алармира пошироката јавност во Битола за можната штетност на азбестот од РЕК Битола
  2. Да се побара од локалните и државните власни под итно да почнат со спроведување на неопходните мерки за подготвување документација за проектот
  3. Да се најде начин за транспорт и депонирање на азбестот
  4. Да се направи замена на полнежите и да се реализира проектот

Извор на користени фотографии во натписот:
http://www.makdenes.org/content/article/1945617.html
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:BitolaPanorama.jpg

7 thoughts on “Дали азбестот од РЕК Битола ја убива Битола?”

  1. Pred da se zafatish so nekoja tema treba prvo da se informirash tocno za da nepishish nevistini i lagi oti se raboti za delikatna tema so posledici po zdravjeto.
    Kako prvo dvete tezi koi ti gi spomna bea daeni na istata tribina od dvajcata panelisti a ne ti kako sho gnasno lazish deka tribinata bila za nekakvo neutraliziranje . Vtora rabota e deka izjavata beshe izvadena od kontekst i na tribinata se spomna i od dvata panelisti kolku e shteten REK Bitola po zdravjeto na Bitolchani , a sekako nemozi site za se da se slozime pa taka i Prof spomna i deka izduvnite gasovi i greenjeto na drva se isto shtetni. Se nadevam kje go promenish tvojot tekst i kje se izvinish za iznesenite nevistini.

    1. Здраво Александар, за темата добро сум информиран, можеш да видеш од самиот текст. Од трибината нема никаков заклучок, невидов никаде, објавено беше само она што јас го пренесов. Можеби делот дека трибината била за неутрализација не држи и истиот ќе го тргнам.
      Мојот текст не го менувам бидејќи се што изнесов е точно и стојам зад тоа. Ако мислиш дека треба да се дополни со заклучоците од трибината, те молам испрати ми официјални заклучоци, ќе ги објавам.

  2. Vo tvoeto mislenje i zakluchoci nekjam voopshto da navlegvam i da sporam. Jas bi se drzel samo do faktite , a tie se slednite ,
    – Ti nebeshe prisuten na tribina od 90 minuti kade se spomna povekje pati deka REK e najgolemiot zagaduvac ;
    i Najbitno od se sho me pogodi najmnogu tvrdish i glavna teza ti e deka imalo 2 zaboleni nedelno od RAK a izvorot go naveduvash od utrinski ( koj podocna ) samo prenese edna izjava od Dr Radenkov iskazana na istata tribina.
    Po odrzuvanjeto na tribinata se odrzaja i drugi nastani i protesti a bogami i lavina od tekstovi po mediumite i portalite koristejki gi vekje iskazanite tezi na tribinata a najbitno od se po 10 dena beshe popravena mernata stanica za zagaduvanjeto na vozduhot vo Bitola. Zaklucok sam izvedi si pogtovo ako ja poznavash temata, jas sum pojke po delata.
    http://www.youtube.com/watch?v=QXNrDZtIHno

    1. Александар, првин да ти потврдам дека сме на иста страна и го подржувам тоа што го правиш.
      Не бев присутен на трибината и го пренесувам она што го имам прочитано, а и сам можеш да видиш дека во изјавата на Орбис никој не го спомна РЕК (иако можеби на трибината повеќе пати е кажано).
      Го наведувам Утрински како извор, бидејќи тој ми беше извор каде ја дознав информацијата.
      Претпоставувам тебе не ти е спорна тезата за азбестот во РЕК туку само моментот на наведување на изворите во мојот текст и трибината.
      И околу делата, реков дека сме на иста страна и нема потреба да ми контраш, доволно е да ми посочиш што треба да се дополни и каде и се надевам во иднина можеме да работиме заеднички на темава. Ако имаш пак некакво мислење за останатиот дел од текстот, исто така ти стојам на располагање.

  3. Za korekcija e slednoto,

    Градот под Пелистер се соочува со ужасна статистика: неделно откриваат по 2 случаја на болни од рак на бели дробови
    – Da se navedi cija izjava e , koga e daena i na koj nastan ;
    среда 18 ти Декември на Славјанскиот институт во 13 часот панел дискусија со наслов Влијанието на загадувањето во Битола

    Во последните случувања покрај партиските препукувања, се одржа и трибина на која се дискутираше за соодветната тема.

    – Od denot na odrzuvanjeto na tribinata do objavata vo Utrinski pominaja povekje od 3 nedeli i se slucija vo razlicni godini znaci nema teorija da e potoa , posle ili sl tuku pred i nastan koj predizvika ponatamoshni diskusii , objavi po drugi mediumi kako i debati koj sekako bea edna od celite. Potoa vo ista recenica so partiski i prepukuvanja e nedozvolivo da stoj tribina sho nema vrska so nishto od navedenoto i e insinuacija i vo najmala raka kleveta.

    Jas morav kako organizator na nastanot da gi informiram dvata panelisti od tribinata i normalno ne mu e milo sho nekoj go izostavil delot kade se spomnuva REK Bitola i zagaduvanjeto a pogotovo izmestuvanjeto na faktite i vistinata a da nezboruvame za avtenticnosta i avtorskite prava iako jas ne sum advokat na nikogo i NESTOJAM POZADI NICIJA IZJAVA OSVEN MOJATA ! Ti se povikuvash na novinar koj NEBESHE prisuten na tribinata a izjavite bea daeni pred pocetokot na istata taka da iznesenite tezi i zaklucoci koj gi dobivte se pojke od bespredmetni i neizdrzani ispagja deka e kopija na loshata kopija. Ako nekoj go interesira za stavovite od ekspertite koj se spomnati neka gi prasha niv licno. Ako nekoj se interesira za tribinata neka me kontaktira mene kako odgovoren za istata.

    Se nadevam konecno me razbra i kje go regulirash tekstot so posocenite sporni delov koi mnogu me voznemirija.
    Na krajot da povtoram povtorno, tvoite tezi voopshto ne mi smetat i ne se predmet na moeto reagiranje, se navedeno e vo moe licno ime i na Forum na mladi Bitola kako organizator i odgovorna osoba od posocenoto zdruzenie na gragjani.

    1. Здраво Александар,
      го дополнив текстот според твоите предлози. Утрински не можам да го изоставам, зошто навистина од таму ги добив информациите. Мој предлог е да направите текст со изјави, кој можеме да го објавиме тука и на Енергетска ефикасност, со цел да се задржи целоста на информациите.
      Поздрав

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *