Category Archives: Енергија

Енергетски задруги – одржлив развој на производството на енергија

Поимот задруга или кооператива, во минатото кај нас често се врзувал за субјект кој има цел окрупнување на дејностите (земјоделие, градежништво), понекогаш и во не толку позитивна конотација. Последниве десетина години тој имиџ на кооперативи полека се менува со земјоделските задруги развиени на правилна основа кои се многу блиску до задругите во светот.

Иако секаде развојот на задругите е различен, во некои земји постојат субјекти кои се стари и по стотини години, но и задруги кои се формирани пред десетина години но имааат одличен развој. Главни одлики на задругите се социјалниот момент – грижата повеќе е свртена кон луѓето наместо кон профитот и начинот на одлучување – еден човек еден глас (дури и при различни удели во задругата). Оттука основањето и работењето со задруга бара многу повеќе отколку финансии – здрави човечки. Денеска задруги има речиси во секој сектор, индустрија па дури и во банкарски сектор и едукација.

Денеска постои тренд на основање на задруги за соларна енергија – брзо растечки и иновативен начин локалните заедници да добијат пристап до обновливите извори на енергија. Во текот на последните неколку години, низ целиот свет се основани повеќе илјадници енергетски кооперативи кои имат за цел преку здружување луѓето да обезбедат пристап до обновлива енергија, да ги инвестираат своите заштеди во нивната иднина добивајќи сигурен прилив и поврат на инвестицијата.

Предноста на задругата е голема – добивате субјект преку кој ќе ја понудите произведената електрична енергија, доколку набавувате опрема, истата може да ја добиете по помала цена (доколку се нарачува во поголеми количини) и на крај имате луѓе кои ќе се борат за вашите интереси, бидејќи тие се и нивни интереси.

Иако легеслативата во Р.Македонија сеуште во пракса не е сјајна, сепак можноста за основање на енергетска задруга постои. Затоа доколку мислите дека овој начин на здружување може да ви помогне во остварувањена вашите идеи, контактирајте не преку нашата форма, можеби ќе успееме да ја организираме првата енергетска кооператива во Македонија.

Photography courtesy of : http://cleanenergyeconomyfortheregion.blogspot.com/2011/06/new-community-owned-solar-garden-in.html

Постот е оргинално објавен на порталот Енергетска Ефикасност

ТЕ Мариово – исплатлив проект и зошто не?

ЕЛЕМ како државна компанија е столбот на енергетскиот производствен сектор и како таков има директно влијание врз развојот на истиот. ЕЛЕМ произведува 96% од вкупното домашно производство. Од термоелектраните со инсталиран капацитет од 825 МW произведува 5.000 GW/h електрична енергија годишно, додека од хидроелектраните со инсталиран капацитет од 538 MW, произведува 1.200 GW/h годишно електрична енергија. Само рударско-енергетските комбинати Битола и Осломеј даваат околу 80 отсто,  додека хидроелектраните на АД ЕЛЕМ произведуваат околу 16 отсто од вкупната електрична енергија од домашните капацитети.

Бидејќи ЕЛЕМ мора да го следи трендот на побарувањето од електрична енергија, мора да обезбеди нови  капацитети за производство на енергија. Дел од активностите кои ги работи се одвиваат во добра насока инвестирајќи во ветерна енергија како одлична опција на обновливи извори на енергија. Continue reading ТЕ Мариово – исплатлив проект и зошто не?

Енергија од соларни панели монтирани хоризонтално или вертикално

Многупати се спомнува за соларните панели и нивната поставеност (агол и ориентација со цел да се добие максимален ефект при производството на електрична енергија. Често пати инсталацијата на соларни панели на оптимална агола не е можна или е непрактична. Ова најчесто се однесува на покривите кои неретко не одговараат на ориентацијата Југ-Север, а наклонот на покривот е далеку од идеален. Доаѓаме и до екстремни ситуации кога единствено е можна хоризонтална или вертикална изведба и во тој момент се прашуваме колку помалку енергија ќе добиете од панели кога тие се инсталирани на тој начин!
Многу од луѓето кои го пробале овој начин на поставување велат дека “овие инсталации функционираат многу добро”. Сепак, ова не не убеди доволно и решивме да прочепкаме низ интернет и да провериме дали има некој релевантен податок за хоризонтални или вертикални инсталации. Continue reading Енергија од соларни панели монтирани хоризонтално или вертикално

Луково Поле, да или не?

Деновиве се крена прашина околу проектот „Луково Поле“ – проект кој е долго најавуван, првин како дел од проектот „Вардарска долина“ (незнам зошто, бидејќи се работи за различен слив), во поново време како проект подржан од Светската банка кој ќе помогне за зголемување на производството на електрична енергија. Иако се работи за проект за ообновлив извор на енергија кој е во рамките на Кјото протоколот и Механизмот за чист развој, сепак истиот проект не беше пријавен за добивање на јаглеродни кредити .

http://www.youtube.com/watch?v=Nfnew1tVMnQ Continue reading Луково Поле, да или не?