Одржлив развој – мит, релност или неопходност?

Модерно е денеска секој да е во одржлив развој и секој да се залага за него. Генерално се добива слика дека одржливиот развој е како тинеџерски секс – сите зборуваат за него, а никој нема појма како изгледа. Но што всушност е одржлив развој?

Одржлив развој е принцип на организирање на човечкиот живот на нашата планета. Тоа претпоставува модел за човеково општество во кои условите за живеење и употребата на ресурси ги задоволуваат човековите потреби без поткопување на одржливост на природните системи и животната средина, така што идните генерации исто така може да ги исполнат нивните потреби.

Одржливиот развој ги поврзува грижата за природата со социјалните и економските предизвици со кои се соочува човештвото. На почетокот на 1970-тите „одржливост“ бил збор со кој треблао да се опише економија „во рамнотежа со основните еколошки системи за поддршка“.
Терминот „одржлив развој“ добил на значење по користењето од страна на Комисијата од Брунтланд во својот извештај од 1987 „Нашата заедничка иднина“. Во извештајот , комисијата го измисли она што стана најчесто цитирана дефиниција за одржлив развој:

Развој кој ги задоволува потребите на сегашноста без да се загрозат способноста на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби“
Концептот на одржлив развој во минатото најчесто се темели во три составни домени: одржливоста на животната средина , економска одржливост и социјалната одржливост .

Од друга страна пристап каде како темел на одржливиот развој се разликуваат четири области на економскиот, еколошки, политичка и културни одржливост. United Cites и локалните самоуправи дел ја прифаќаат културата како четврт доменот на одржливост како дополнување натрите домени додека пак други чинители го земаат „институционалниот“домен или познат како „добро владеење“.

одржлив развој

Мое мислење е дека Одржливиот развој навистина се темели на три домени, земајќи го Општеството (Society) во предвид како еднаков чинител заедно со Економијата и Екологијата. Бидејќи и културата, политиката и доброто владеење се чинители на општеството и не треба да ги детализираме на таков начин. Од друга страна пак кај нас во Македонија често кога ќе се каже одржлив развој, луѓето подразбираат екологија и економија и на тој начин го запоставуваат општествениот момент.

Така ако ги поставиме Економијата на една страна, Екологијата на друга и Општеството на трета страна, местата каде се препоклопуваат се всушнот интердисциплинарни правци кои сакаат да дадат баланс на двете страни. Така на пример, помеѓу Економијата и Екологијата имаме зелен развој или еколошка економија. Истото е и помеѓу други два домена, секогаш постои нешто што би било во рамнотежа со нив. Ако ги избалансираме развојот на економијата и општеството ќе добиеме фер развој, кој би се грижел подеднакво за сите чинители во општестово, и не би имале толкави разлики и раслоености на богати и сиромашни.

Значи одржливиот развој е рамнотежа помеѓу трите домени – Екологија, Економија и Општество.

Е сега, дали одржливиот развој е мит? Може да се каже. Сеуште го третираме одржливиот развој како нешто што не го познаваме или се плашиме да влеземе во него. Иако не е мит, ние се однесуваме како да е мит.

Дали е реалност? Далеку од тоа… ги имаме сите предиспозиции да биде реалност, но се однесуваме како неизживеани тинејџери кои понекогаш навистина незнаат што прават. Хедонизмот ни е многу поблиску од направениот позитивен чекор. Мора да се разбудиме и да ги менуваме работите, а не само декларативно да се залагаме за одржливиот развој.

Дали одржливиот развој е неопходен? Не знам. Да навистина незнам, но можеби кога ќе дознаеме ќе биде доцна. Во моментот ми изгледа како единствен излез од спиралата на кризи, економски, еколошки и општествени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *