Tag Archives: кооператива

Енергетски задруги – одржлив развој на производството на енергија

Поимот задруга или кооператива, во минатото кај нас често се врзувал за субјект кој има цел окрупнување на дејностите (земјоделие, градежништво), понекогаш и во не толку позитивна конотација. Последниве десетина години тој имиџ на кооперативи полека се менува со земјоделските задруги развиени на правилна основа кои се многу блиску до задругите во светот.

Иако секаде развојот на задругите е различен, во некои земји постојат субјекти кои се стари и по стотини години, но и задруги кои се формирани пред десетина години но имааат одличен развој. Главни одлики на задругите се социјалниот момент – грижата повеќе е свртена кон луѓето наместо кон профитот и начинот на одлучување – еден човек еден глас (дури и при различни удели во задругата). Оттука основањето и работењето со задруга бара многу повеќе отколку финансии – здрави човечки. Денеска задруги има речиси во секој сектор, индустрија па дури и во банкарски сектор и едукација.

Денеска постои тренд на основање на задруги за соларна енергија – брзо растечки и иновативен начин локалните заедници да добијат пристап до обновливите извори на енергија. Во текот на последните неколку години, низ целиот свет се основани повеќе илјадници енергетски кооперативи кои имат за цел преку здружување луѓето да обезбедат пристап до обновлива енергија, да ги инвестираат своите заштеди во нивната иднина добивајќи сигурен прилив и поврат на инвестицијата.

Предноста на задругата е голема – добивате субјект преку кој ќе ја понудите произведената електрична енергија, доколку набавувате опрема, истата може да ја добиете по помала цена (доколку се нарачува во поголеми количини) и на крај имате луѓе кои ќе се борат за вашите интереси, бидејќи тие се и нивни интереси.

Иако легеслативата во Р.Македонија сеуште во пракса не е сјајна, сепак можноста за основање на енергетска задруга постои. Затоа доколку мислите дека овој начин на здружување може да ви помогне во остварувањена вашите идеи, контактирајте не преку нашата форма, можеби ќе успееме да ја организираме првата енергетска кооператива во Македонија.

Photography courtesy of : http://cleanenergyeconomyfortheregion.blogspot.com/2011/06/new-community-owned-solar-garden-in.html

Постот е оргинално објавен на порталот Енергетска Ефикасност